Кирил Петков, министерот за економија во техничката влада и претседател на новоформираната партија „Продолжуваме со промените“ во Бугарија е предложен за кандидат за премиер, кој ќе се обиде да состави нова влада по вчерашните Парламентарни избори. Неговиот сопартиец, со кого ја формираа партијата, Асен Василев, ќе биде предложен за министер за финансии. Харвардската двојка, како што странскиот печат ги нарече двајцата поранешни бизнисмени Петков и Василев, според до сега прифатени протоколи од вчерашното гласање, освои 25,97%. Следат ГЕРБ/УДФ на Бојко Борисов со 21,42% МРФ е трет со 13,79%. „Има таков народ“ на Слави Трифонов заврши на четвртото место со 10,08%, следи БСП доби 9,99 отсто. Партијата на Каракачанов заврши со само 1% од гласовите.
Во своите први изјави Петков зборуваше и за ставовите за Македонија. Петков кажа дека треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Македонија, во кои, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието.
-Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, рече Петков.
Тој најави дека во составувањето на новата бугарска влада ќе соработуваат со сите партии освен со ГЕРБ и МРФ.
Од до сега прифатени протоколи од вчерашното гласање, „Продолжуваме со промените“ (ПП) освои 25,97%. Следат ГЕРБ/УДФ на Бојко Борисов со 21,42% МРФ е трет со 13,79%. „Има таков народ“ на Слави Трифонов заврши на четвртото место со 10,08%, следи БСП доби 9,99 отсто. Партијата на Каракачанов заврши со само 1% од гласовите.
На претседателските избори води актуелната претседателска двојка Румен Радев и Илијана Јотова, кои освоија 49,45 отсто од довербата на граѓаните со обработени 42,85 отсто протоколи во Централната изборна комисија.
фото:bgnews