Амбер Меј (23) од Велика Британија е опседната со естетски операции на кои досега потрошила повеќе од 80.000 евра. Во изминатите пет години откако е полнолетна била „под нож“ осум пати и покрај подигнувањето на задникот, двете операции на носот и неколку зафати за отстранување на маснотии од лицето, оваа девојка ги зголемила градите до таа мерка што не може сама да си ги врзе врвките на патиките!
Таа три пати била на липосукција и вбризгување филери, а ги средила и забите. Благодарение на новиот изглед Амбер на Инстаграм има повеќе од 45.000 следбеници, а парите ги заработува и од продажбата на експлицитни содржини на ОнлиФанс.
Амбер сака уште еднаш да го зголеми задникот, сака уште поголеми гради и да го среди повторно носот.
– Сакам да изгледам вештачки, сакам да изгледам различно и се радувам на секоја нова операција и за мене тоа е како хоби. Многу сум среќна и имам поголема самодоверба. Може да се рече дека сум зависник од пластични операции. Сакам облини, а тоа го сакаат и моите фанови кои ми плаќаат за да ги видат моите гради уште поголеми – вели оваа девојка.
Нејзините гради се тешки повеќе од шест килограми благодарение на растворот од три литри вбризган во дојките.
Извор: Mondo.rs
Фото: Twitter, Dailystar.co.uk, Mirror.co.uk