ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Шилегов негов заштитен знак, за 6 месеци потпросечни 16 отсто капитални инвестиции – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/18 12:57 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Шилегов негов заштитен знак, за 6 месеци потпросечни 16 отсто капитални инвестиции

Петре Шилегов и Градот Скопје демонстрираат неспособност и неработа. Градот Скопје и понатаму останува затрупан во голем број на нерешени проблеми но и потреби на граѓаните – обвинуваат советниците во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од денешната седница на Советот на Град Скопје може да се заклучи од извештајот за извршување на буџетот исклучително низок степен на реализација на капиталните инвестиции. Тоа е потврда дека Градот Скопје и Шилегов не работат. За 6 месеци буџетот е е остварен само 36% што е помалку од 50%, додека остварените расходи се помали и изнесуваат само 30%“, изјави советничката Светлана Колариќ.

Според неа, има потфрлање и во однос на заштитата на животната средина:

„Од 122 милиони денари реализирани се само 6 милиони денари или само 5 отсто. Тоа значи дека Шилегов 5 пари не дава за почиста животна средина, иако тоа беше негово големо ветување дека имаат план, има програма и конрентни идеи. Немаат ниту еден проект од оваа област, за жал“.