Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.
Од Комисијата објаснија дека избирачката сакала да гласа по вторпат и откако и објасниле дека тоа не е возможно, таа го земала гласачкото ливче и почнала да бега надолу по скалите. Членови на комисијата ја бркале од третиот до првиот кат и кога ја стигнале, жената го смачкала ливчето и го голтнала.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.
– Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.
Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.
Извор: Nova.bg/МИА
фото: Facebook/BoykoBorisov