Екстремно длабок земјотрес е регистриран под оддалечените Бонински Острови, познати како Огасавара, група од над 40 острови лоцирани помеѓу Маријанските Острови и Јапонија, во 2015 година, како потрес по земјотрес во регионот од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Овој длабок земјотрес не можеше да се почувствува на површината, само чувствителна опрема можеше да го открие.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 751 километар во долната обвивка, односно обвивката на јадрото – зона која сеизмолозите ја сметаа за невозможна појава на земјотреси.
Податоците за земјотресот првпат беа објавени во јуни во списанието Geophisical Research Letters, а беа откриени од истражувачи кои ги користеа напредните сеизмички станици во Токио. Но, сè уште не е постигнат консензус меѓу научниците за точната длабочина на земјотресот. Под екстремните притисоци и температури кои се наоѓаат во долната обвивка на земјиното јадро, карпите имаат многу помала веројатност да се скршат кога ќе бидат погодени од ненадејно ослободување на енергија, но тие се свиткуваат кога ќе бидат погодени.
Мантл или обвивката на јадрото е густа обвивка, составена од дебели карпи, која го опкружува надворешното течно јадро и се наоѓа директно под релативно тенката Земјина кора. Се протега на длабочина од 2.900 километри. Врз основа на резултатите од сеизмолошките истражувања, обвивката е поделена на неколку слоеви – горната обвивка (33-410 км), долната обвивка (660-2.891 км), а на дното на последната се наоѓа т.н. „Де“ слој со променлива дебелина. Меѓутоа, таквата материја не секогаш се однесува како што треба, вели Памела Барнли, професорка по геоматеријали на Универзитетот во Невада во Лас Вегас, во изјава за Live Science, пренесува Раша Тудеј.
Повеќето земјотреси се случуваат во кората и горната обвивка, на длабочина од 100 километри. Минералите во кората имаат помал капацитет да се виткаат пред да се скршат поради нивната студена и кршлива природа, објасни Барнли.
Таа исто така рече дека минералите во континенталната кора можеби се поладни од околните карпи, што значи дека тие не се однесуваат како што се очекува под таков притисок. Длабоките земјотреси се мистерија за научниците, иако една теорија е дека границата помеѓу горниот и долниот дел на земјината обвивка можеби не е онаму каде што сеизмолозите мислат дека е, изјави Хајди Хјустон, геофизичар од Универзитетот во Јужна Калифорнија, за Live Science.
Извор и фото: b92.net