(ВИДЕО) Што не е во ред со твојата уста, човеку? – Најпознатиот турски готвач за прв пат прозборе на видео снимка – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/21 9:57 PM

(ВИДЕО) Што не е во ред со твојата уста, човеку? – Најпознатиот турски готвач за прв пат прозборе на видео снимка

Познатиот готвач Салт Бае, чие вистинско име е Нусрет Ѓокче, ги изненади своите следбеници на Инстаграм, откако објави видео во кое за прв пат зборува.

Неговиот глас досега не се слуша на видеата кои ги споделува на оваа социјална мрежа.

“Чекај, чекај. Сакам да кажам нешто за Лондон. Лондон е мојот голем сон. Еден ден. Следниот ден. Секој ден. Постојано. Го сакам Лондон. Лондон е различен. Како злато”, вели Нусрет во видеото.

Тогаш одговорил човекот зад камерата и го прашал Нусрет каков е неговиот англиски јазик.

“Мојот англиски јазик е речиси како британски. Знаете… На здравје. Се надевам дека ќе се видиме наскоро во Лондон”, рекол готвачот на крајот од видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Потоа следеа реакции на следбениците кои беа поделени околу тоа што го слушнаа.

„Прв пат го слушам како зборува“; „Повеќе ми се допадна кога овој човек молчеше“; „Што не е во ред со твојата уста, човеку?!“; „Те сакам, но што по ѓаволите зборуваш?“; „Некој да ми го преведе ова, ве молам“, се дел од коментарите под видеото.

Салт Бае, готвач кој во 2017 година стана интернет сензација поради начинот на кој го зачинува месото, неодамна отвори ресторан во Лондон, но на социјалните мрежи беше критикуван поради високите цени на храната и пијалоците.

На почетокот на неделава Нусрет објави дека го напушта Лондон бидејќи го отвора 28-от ресторан во Ријад.

Извор: Б92.нет

Фото: Профимедиа