Болката и тагата се големи – Најмладиот син на Маринко Роквиќ со потресна порака еден ден после погребот – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/21 9:25 PM

Болката и тагата се големи – Најмладиот син на Маринко Роквиќ со потресна порака еден ден после погребот

Пејачот Маринко Роквиќ беше погребан на 11 ноември на гробиштата Нова Бежанија.

Покрај семејството, Маринко на вечно почивање го испратија и голем број пријатели и колеги, а ден по погребот се огласи и најмладиот син Марко.

Тој на Инстаграм ја сподели фотографијата од својот татко и напиша емотивна порака.

-Моите чувства и мисли ќе ги задржам за себе, во длабочините на моето срце. Сакам само да ви се заблагодарам на сите вас кои со денови испраќате поддршка и љубов кон моето семејство и мене. Болката и тагата се големи, но има и гордост и радост бидејќи го имавме.Тој секогаш ќе живее во нас. Марине мој, те сака засекогаш твојот Мачун – рекол Марко а под објавата има коментари во кои корисниците оставаат тажни пораки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Rokvić (@markorokvic)

Извор: Курир.рс

Фото: Ана Паунковиќ/Зорана Јевтиќ