Бали Бег пак се разведува?! – Омилениот актер на Македонките, Бурак Озџивит ги расчисти дилемите – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/21 11:55 AM

Бали Бег пак се разведува?! – Омилениот актер на Македонките, Бурак Озџивит ги расчисти дилемите

Еден од најомилените турски актери на Македонките, Бурак Озџивит познат по ликот на Бали Бег во серијата „Сулејман Величествениот“ неодамна се најде во центарот на медиумското внимание поради приказната дека после четири години ќе се разведе од својата партнерка и колешка Фахрије Евџен.

Иако, како што велат, ни самите не знаат колку пати ги разделувале и смирувале, љубовната двојка реши уште еднаш да стави точка на оваа шпекулација.

Бали Бег на својот Инстаграм сподели фотографија со својата сопруга и со тоа ги разочара обожавателките кои потајно се надеваа дека ќе стане повторно ерген.

„Утринско уживање со двете половини на моето срце“, напиша Бурак во описот.

Кратко по тоа со сопругата даде и кратка изјава за турските медиуми:

– Среќни сме, многу. Не верувајте на разни приказни, лага е дека се разведуваме – нагласи брачниот пар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)

извор: Mondo.rs

фото: internethaber.com/