Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на својот Фејсбук профил објави дека денеска имал лесна хируршка интервенција.
„Динамичен ден.
Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… после 45 минути лесна хируршка интервенција која беше закажана пред кампањата, ја одолговлекував поради кампањата и денес дојде редот , се чувствувам одлично.
Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите.
Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.