Реџепи е современ Амди Бајрам, рече Мицкоски откако опозицијата остана без кворум – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/21 1:12 PM

Реџепи е современ Амди Бајрам, рече Мицкоски откако опозицијата остана без кворум

„Современиот Амди Бајрам“ – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарече Кастриот Реџепи од Беса, кој се премисли и не дојде на седницата за гласање доверба на Владата.

Одговарајќи на прашање на „ТВ21“ при пристигањето во Собранието,  дали има замена за Реџепи, Мицковски накратко прашално одговори – „За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам?“.

Тој не сакаше да коментира околу случувањата, бидејќи како што истакна бил на предавања досега и допрва оди да дознае што се случува.

Инаку опозицијата не успеа да обезбеди кворум за седницата за гласање недоверба на Владата, откако пратеникот Реџепи не дојде. Тој на својот фејсбук профил напиша дека одлучил да не учествува, вели на државата сега не и треба нова политичка криза бидејќи големи се шансите во декември Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.