Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса го растури новото мнозинство потребно за гласање на недоверба на Владата предводена од Зоран Заев.
Пристигнаа дури и двајцата пратеници од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Станува збор за пратеникот Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, како и за пратеничка Ангелика Петкова.
Во Собранието беа присутни 60 пратеници и откако службите изброија 60 пратеници од новото парламентарно мнозинство, спикерот Талат Џафери даде пауза од 10 минути и го повика потпреседателот Фадил Зендели да раководоти со седницата за да не прави кворум затоа што е против иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.
А, пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи кого го нема во собраниската сала и без него коалицијата за уривање на владата нема мнозинство се јави на Фејсбук и порача дека не доаѓал во Собранието за да учествува во паѓањето на Владата затоа што од висок дипломатски претставник му било порачано дека во декември Северна Македонија има одлични шанси да добие датум за почеток на преговори со Европската унија.
„Една од главните причини за мојата и Движење Беса на која припаѓам е интеграцијата на евроатлантскиот на РСМ. Имајќи го предвид политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери на САД и ЕУ кои ми беа доставени од висок дипломатски претставник, дека во декември има одлична шанса да имаме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, решив да не присуствувам на собраниската седница на која ќе се донесе одлука за доведување во прашање оваа витална национална и државна точка. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој важен период не ѝ треба политичка криза и нурнување во немирни води со многу непознати“, напиша Реџепи на Фејсбук.
фото: Фејсбук