Груевски „се појави“ на граница, но само во манипулативните текстови и со стара фотографија од 2017 година – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/21 9:29 AM

Груевски „се појави“ на граница, но само во манипулативните текстови и со стара фотографија од 2017 година

Рецензираме текст со наслов „(ФОТО) Груевски се појави на граница! СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА?“ ,во кој стара слика од екс премиерот Груевски се користи за да се манипулираат читателите дека тој се враќа во земјата, а никаде во текстот не е потврден овој факт.

Најпрво симптоматичен е самиот наслов на текстот кој го рецензираме бидејќи претставува класичен „клик бејт“ наслов кој има за цел да ги привлече читателите да отворат, без притоа да им понуди вистинска приказна за враќањето на екс премиерот Груевски.

Дополнително како насловна фотографија  се користи стара слика од Груевски, направена во 2017 за време на протестите за поддршка на уставобранителите, а која намерно ги доведува читателите во заблуда, да мислат дека се работи за нова фотографија, направена сега за време на неговото наводно враќање во земјата.

Понатаму, по насловот, текстот е помалку хаотичен затоа што зборува за повеќе настани  истовремено, а не нуди многу детали со кои читателите би можеле да разберат за што всушност се зборува, што е и суштинската работа на новинарстовото. Текстот и не претставува вест, туку вид на коментар од авторот.

„Огромнараздвиженостволобиструктуритена „диктаторскатаинтернационала“ Путин – Ердоган – Орбан. Особеноактивнисекреаторитенат.н. „српскисвет“ одсоседнаСрбијаначелосогосподинотВучиќ и нивнитеизмеќариодМакедонија, Косово, Босна и ЦрнаГора.“ – се вели во воведниот дел од текстот.

Понатаму новинарот пишува дека „познавачите на состојбите и аналитичарите на балканските прилики коментираат дека причината е стартот на клучните преговори за Косово и донесување на конечното ново решение, но тоа решение мора да биде поставено на линијата Сараево – Скопје односно да се исцртаат новите граници на Србија и нејзиното враќање на чело со Балканскиот сојуз. Отворен Балкан е само дел од тој проект“.

Овде новинарот иако споменува познавачи на состојбите и аналитичари, не наведува кои се тие и што всушност кажуваат, со што се доведува во прашање веродостојноста на се што е овде напишано.

На самиот крај на „веста“ новинарот повторно споменува „добро информирани извори во Белград“ кои не ги наведува, а кои наводно посочувале дека 2021 била годината за решавање на Косово и дека Вучиќ ветил потпис за независноста на државата.

Новинарот со овој текст прекршува повеќе членови од Кодексот на новинари и од Насоките за етичко известување во онлајн медиумите.

Во време на засилен интерес на јавноста на темата Груевски, откако ВМРО-ДПМНЕ се обидува да обезбеди ново мнозинство, ваквиот текст само ги подгрева шпекулациите и не нуди никакви факти, ниту пак му помага на читателот да разбере што се случува.

„Онлајн медиумите нема да прикриваат или премолчуваат важни информации чие објавување би можело да влијае врз толкувањето или разбирањето на содржината на извештајот од страна на читателите. Премолчувањето на фактите кои можат битно да влијаат врз формирањето на ставот за некој настан или личност е еднакво на намерно искривување на реалноста и создавање дезинформации“.

„Онлајн медиумите нема да објавуваат неточни, пристрасни или манипулативно обликувани текстови, фотографии или други содржини со кои читателите намерно се доведувaат во заблуда. Фотомонтажите, обработените фотографии или други интервенции во автентични документ“.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.