Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе подолго време е во хармонична врска со Богдан Срејовиќ со кого ужива во љубовта и во секој заеднички момент.
Како што нивната љубов трае и станува се посилна, многумина се прашуваат дали пејачката повторно ќе стапне на „лудиот камен“, а таа сега ги изненади сите со својот одговор.
– Никогаш, со што би се омажила? Хартијата само ја расипува среќата. Веќе се омажив, видов дека може да биде одлично, убаво, фантастично, сега хартијата не ми значи апсолутно ништо и сакам да се забавувам – изјави Цеца во емисијата „Гранд њуз“.
Цеца во оваа прилика откри и дека синот Вељко често ја советува за изборот на облека за емисии, како и дека таа најчесто носи кратки здолништа по негово барање.
– По наговор на син ми, вели: „Многу ме нервира кога ќе се облечеш во тие кошули, жено облечи мини здолниште, облечи се како што се облекуваше, што си закопчал до грло – рекла пејачката со смеење.
Извор: Србијаданас.ком