Вработена во дом за стари лица крадела пари од трансакциските на корисниците од домот – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/21 4:37 PM

Вработена во дом за стари лица крадела пари од трансакциските на корисниците од домот

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Б.(64) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавената, вработена како благајник во дом за стари лица во Прилеп, ополномоштена да располага со лични средства од трансакциските сметки на корисниците во домот, во два наврата преправила банкарски налози издадени од банка и наместо подигнатите 10.000, односно 5.000 денари напишала дека подигнала по 1.000 денари, а откако ги подигнала средствата впишани на налозите, во својство на полномошник на трансакциските сметки, ги дала на главна сестра во домот, информираат од МВР.