По долго боледување почина познатиот македонски бизнисмен Адем Кочан, објави неговото семејство на фејсбук. Роден е во 1955 година, во Рожаје, Црна Гора. Се занимавал со оранжериско производство и беше сопственик на фирмата „Канет-Агро оранжерии“ . Во 2009 година беше избран за најдобар претприемач на микро претпријатие, а беше и сопственик на катната гаража „Идадија“. Кочан беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори и добитник на голем број домашни и меѓународни награди и признанија.
Неговите колеги за него велат дека бил голем човек и голем хуманист.
„Со длабока тага во срцата ве известуваме дека денес по подолго боледување почина нашиот сопруг, брат, син, татко и дедо Адем Кочан. Полн со живот и енергија која ги допираше сите кои го знаеја, Адем последната битка ја биеше тивко.Така и замина, опкружен со љубовта од најблиските. На неговото последно патување ќе го испратиме утре на 10ти Ноември во 13.30 во Џамијата во Бутел 1, а погребот ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во 14.30“, информира семејството, напиша неговото семејство на фејсбук.