Во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, хоспитализирано е 21 дете заболено од ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба. Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири.
Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.
„Од заболените, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка“, додаде д-р Зеќири.
(МИА)