Новата девојка на Милош Биковиќ го брише минатото од социјалните мрежи – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/21 1:10 PM

Новата девојка на Милош Биковиќ го брише минатото од социјалните мрежи

Актерот, Милош Биковиќ ја претстави својата нова девојка Ивана Малиќ на премеирата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“, која се одржа минатата недела. Убавата Ивана веднаш ја заинтригира јавноста, а сега испливаа тврдења дека таа на својот инстаграм профил избришала одредени фотографии, откако јавно ја официјализирана врската со популарниот актер.

Имено, обожавателите на актерот забележаа дека бројот на фотографии на профилот на Ивана се намалил од 346 на 264 фотографии.

„Биковиќ не ја следеше Ивана на Инстаграм додека не се појавија заедно во јавност, но таа ја објави локацијата на која тој го снимаше филмот, нејзините објави ја вклучија и јакната на Биковиќ, како и внатрешноста од неговиот стан и сето тоа додека нејзиниот профил беше јавен на социјалната мрежа“, вели извор за српски Блиц.

Сепак, како што наведува изворот, работите се промениле откако парот и официјално соопшти дека е во врска со појавата на премиерата на филмот „Јужен ветер 2“.

„Кога пошироката јавност слушна за нив, таа ги повлече сите објави со кои алудираше на тоа дека е во врска со актерот. Па дури и сопствените фотографии каде што позира во костими за капење. Таа отстрани околу 50 фотографии, не ми е јасно зошто, кога е убава и атрактивна девојка“, вели изворот.

Извор: blic.rs

Фото: Dragan Mujan/Nova.rs