Заев треба да падне до четврток, мнозинството поднесе иницијатива за гласање на доверба на Владата – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/21 2:51 PM

Заев треба да падне до четврток, мнозинството поднесе иницијатива за гласање на доверба на Владата

„Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе промени. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се потврди на локалните избори кои беа референдумско изјаснување против сегашната Влада. Останувањето на оваа Влада беа кредибилитет ќе значи само продлабочување на политичката криза, економската криза, ковид-19 кризата“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николовски на обраќањето во Собранието.

Тој истакна дека вкупно 61 пратеник ја потпиша иницијативата за гласање на доверба на Владата и тие бараат претседателот Талат Џафери што поскоро да свика седница на која што ќе се гласа недоверба на Владата.

– Доколку во моментов се гласа недоверба на Владата, очекувам да има 61 плус, односно би сакал да ја информирам јавноста дека се во тек интензивни разговори со уште неколку пратеници во Собранието – рече Николовски.

Во однос на формирање нова Влада или брзи предвремени избори, ќе се разговара после четврток кога е последниот рок за гласање доверба.

– Доколку можат да се склопат интересите и политичките програмите на партиите кои имаат мнозинство од 61 пратеник, секако може да се оди кон формирање на Влада. Ако не, ќе се оди на предвремени избори – рече Николоски.

Во моментот кога Собранието ќе изгладса недоверба на постојната Влада, претседателот на Собранието е должен веднаш да го извести претседателот на државата дека Владата нема доверба. Од тој момент ќе тече десетдневниот рок во кој претседателот Стево Пендаровски ќе има уставно право да го додели мандатот за составување Влада.

– Уставот е јасен, а и претседателот беше јасен дека мандатарот кој што ќе однесе 61 потпис и повеќе, ќе го добие мандатот за составување на влада. Но, тоа е чекор два и чекор три. Чекор еден е да ја срушиме оваа влада – додаде Николовски.

 

О.К.