Во изминатите четири дена се аплицирани вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 како прва доза, 1.899 се ревакцинирани граѓани, а 4.590 лица примиле трета доза вакцина.
Заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Според извештајот на МЗ, 54 отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто примиле две дози вакцина, информираат од Министерството.