Мажите не веруваат дека е вистинска – Манекенка од Словачка тврди дека животот и е многу потежок бидејќи е убава – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/21 8:58 PM

Мажите не веруваат дека е вистинска – Манекенка од Словачка тврди дека животот и е многу потежок бидејќи е убава

Вероника Рајек, 25 – годишна девојка од Словачка, која беше финалистка на Мис Словачка во 2016 година, вели дека убавината во животот и прави многу проблеми. Имено, таа вели дека нејзиниот Инстаграм профил постојано се брише затоа што луѓето го пријавуваат како лажен, а всушност таа е само „преубава за да постои“.

„Луѓето не веруваат дека постојам. Другите жени можат да објавуваат слики на Инстаграм, а јас не. Тие само ме бришат поради мојот изглед”, вели Вероника, која тврди дека убавината е всушност тешка во животот.

„Луѓето велат дека на убавите луѓе им е лесно, но мене ми е полошо бидејќи ми отежнуваат се затоа што сум убава“, вели оваа манекенка која живее во Виена и заработува од содржините што ги прави за Инстаграм, кој што е следен од повеќе од милион луѓе.

Оваа убавица вели дека секојдневно добива огромен број пораки од жени, кои и пишуваат неубави коментари и тврдат дека ги засрамува менувајќи го својот изглед со филтри.

„Добивам пораки од мажи кои мислат дека не сум вистинска, но најлошите пораки на мојот Инстаграм доаѓаат од жени кои ме прашуваат зошто се преправам и бараат доказ“, вели Вероника, која тврди дека нема ништо вештачко во неа.

Згора на тоа, за да стави крај на приказните за пластичната хирургија, оваа девојка направила нешто необично – платила за преглед на градите во Дубаи, за да докаже дека нејзините гради се вистински.

„Бев принудена да го направам овој преглед за да ми веруваат луѓето. Сите мислат дека моите гради се вештачки, па отидов на преглед на градите и докажав дека се вистински. Вежбав толку многу во тинејџерските години што развив мускули поради кои моите гради имаат убава форма“.

Вероника, на чија убавина сега многумина и се восхитуваат, вели дека нејзините врсници на училиште често ја малтретирале и ја нарекувале „жирафа“ или „штица“ поради нејзините рамни гради.

Со манекенство се занимава од 14 години, не е љубител на алкохолот, не сака излегувања и вежба пет пати неделно.

Преземено од: https://mondo.rs/
Фотографии: Инстаграм