(ВИДЕО) Босилков: Од ова лудило може да не спаси експертска влада и независниот активизам – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/21 2:10 PM

(ВИДЕО) Босилков: Од ова лудило може да не спаси експертска влада и независниот активизам

„Ние немаме транспарентност, во оваа ситуација тоа е нашиот најголем проблем, анализираме, а не знаеме што се случува таму. Зошто ние би требало да бараме лидер или некој пастир за нас да не води, постојат и други модалитети во политиката. Наместо зборување празни муабети, енергијата да се вложи во партиципативност, според мене може да се артикулира на локално ниво, таму каде што е најмногу потребна, во спротивно го имаме овој племенски водачи. Сликата со Мицкоски, Апасиев, Гаши е сликата на македонската политика 30 години, тоа е иконографија, симболика на дворските игри. На тоа како функционира внатре целата политика со договори, компромиси , со компромитирање и сето ова води кон таа персонализација која што ние ја имаме, која трага по лидер, нема таков совршен лидер сите се лоши. Сите влегуваат во политика, преку партија за себе. Затоа не може да се очекува дека овој пат ќе биде нешто различно“, вели Иво Босилков, професор – Универзитет Американ Колеџ – Скопје, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Главниот проблем на луѓето вели Босилков е токму оваа дистанца и ја чувстуваат од оваа висока политика.

„Од една страна гледаме дека луѓето сакаат суверенитет, гледаат дека суверенитетот не постои и сакаат на некој начин нешто да се случи меѓутоа очекуваат тоа некој друг да им го заврши за нив“, вели Босилков.

„Треба да се смени свеста и политичката култура тука, потоа врз база на тоа што ќе се сменат институциите и законите. Ние тука притискаме за една изборна единица, меѓутоа тоа пак се однесува на државата и едноставно не може да се избега од сите овие исти спреги кои што се партиско функционирање. Меѓутоа реалната потреба која што ние ја имаме е локализација на политиката, претворање на националните избори, парламентарните избори на избори од втор ред, во нешто кое што главен удел ќе имаат експерти, а тоа што ќе се случува на локално ниво, таму каде што можеме навистина да направиме разлика со самоорганизација со колективна акција со партиципација таму мислам дека ние можеме да направиме разлика како луѓе и да се чувстуваме ефективни и да имаме доверба“, смета Босилков.

Тпј вели дека во моментов во Македонија има политички партии кои се расадник на клиентелизам, кариеризам, корупција.

„Ние треба тоа да го деконструираме од доздола, и тогаш не треба да зборуваме не за партии туку за здруженија кои што се фокусирани на одредени конкретни проблеми. Тоа што ние тоа го имаме со партиите, ние сме посматрачи на нивниот натпревар. Ние гледаме трка кон дното, гледаме кој е полош, наместо да видиме кој е подобар и што може тој подобро да понуди, меѓутоа тој што е подобар е тој што се залага автентично и со страст за работите за кои се залага“, истакна Босилков.