На новинарско прашање на Мицковски дали му е јасно дека треба пак да владее со ДУИ, односно дали има проблем да биде во Влада во која би бил и ДУИ, тој рече:
-Немам проблем да бидам во никаква Влада со мнозинство, а мојата цел на изборите беше покрај поразот на СДСМ да биде расвластен ДУИ. Тие се бореа во неколку града против ВМРО и беа поразени и во Тетово и во Гостивар, рече тој а за новонастанатата состојба кажа:
-Многу претпоставки излегоа дека се погрешни. Јас би се воздржал во овој тежок период за државата, не е време за триумфализам, да работиме тивко, да не ги оптеретуваме граѓаните нашите со политички гимнастики. Многу работи беа невозможни, но видовте вчера дека се случија. Да оставиме да покаже времето која од опциите ќе биде реалност. Едно е јасно дека 61 пратеник се потпишаа за тоа дека оваа Влада нема веќе кредибилитет и легимитет. Би сакала да имаме политичка влада која ќе има полн капацитет, која ќе го истурка мандатот до 2024 година, ќе спроведе реформи, но доколку тоа не се случи тогаш брзи парламентарни избори се неминовност. Народот сака да гледа решенија, доста е веќе од политиканство и од политички мочуришта, рече тој.
Мицковски кажа и дека од „она што го знам, а добивам информации е дека се прават жестоки притисоци кон луѓето кои се потпишани на списокот, но немам информации дека некој би се отпишал, би се поколебалЌ.
– Затоа час поскоро ја очекуваме оставката на Заев во Парламентот. Во понеделник ја очекуваме оставката на Заев, доколу не пристигне тогаш ќе понеме со иницијативата за гласање за недоверба на владата. Опција за било каква Влада освен за Влада со политичка тежина не е опција, ако не успеме да формираме таква Влада, тогаш е логично да имаме брзи парламентарни избори. Темата на разговор вчера беше оваа Влада да замине што поскоро. Затоа за следните чекори јавноста ќе биде навремено информирана. Без триумфализми и други однесувања, на граѓаните им е преку глава од политиканства и гимнастики во политиката. Јас ќе повикам лидерка средба со лидерите на партиите кои застанаа зад оваа иницијатива за формирање на влада која ќе има политичко мнозинство, а ги повикувам и останатите кои сакат да се приклучат да дојдат да поразговараме за да можеме да излеземе од ова мочуриште, од оваа кал во која не втурнаа. Ако дојде до предвремени парламентарни избори секако дека ќе треба да се седне да се разговара и да се договори датум на одржување. СДСМ и ДУИ по овој документ го немаат легитимитетот да ја водат владата која ќе организира предвремени парламентарни избори, рече тој и додаде дека со Пендаровски не разговарале, дека тоа што претседателот го видел од медиумите го има како информација.
На прашањето доколку дојде до предвремени парламентарни избори кој ќе ги организира Мицковски рече дека треба да се застане зад името на техничкиот премиер, кој ќе биде изгласан, а него го гласа мнозинството.
-Овде стојат потписите на 61 пратеник кои се обединија да изгласаат недоверба. Дали ќе имаме 61, можеби ќе имаме 70 сега не знам , откако ќе почнеме и откако ќе имаме мандат ќе кажам. Јас сум транспарентен така сум функционирал, така и ќе продолжам. Согласно изборниот законик има пржинска влада од стотина дена, пред организирање на било какви избори, без разлика дали ќе успеме или не, треба да застанеме зад техничкиот премиер, да изгласаме такво лице, а потоа да видиме кои ќе бидат предлозите за членовите., Тоа е она што мнозинството треба да го направи, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.