Ми велеа не прави ништо, власта на Заев ќе заглавува, но има нешто што се вика одговорност, рече Мицковски и ги потврди ставовите на новото парламентарно мнозинство – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/21 1:17 PM

Ми велеа не прави ништо, власта на Заев ќе заглавува, но има нешто што се вика одговорност, рече Мицковски и ги потврди ставовите на новото парламентарно мнозинство

Надежта за нова иднина победи на овие локални избори. Овие избори значеа неминовно и референдумско изјаснување против оваа Влада и сите нејзини политики. Ми велеа дека најдобро за мене и ВМРО ДПМНЕ е да не прави ништо, власта на Заев ќе заглавува во уште поголеми проблеми. Но, има нешто што се вика одговорност кон државата и народот. Ваквите тешки времиња се значаен предизвик во кој свесно и искрено влегува ВМРО ДПМНЕ и како што очекува историјата од нас се ставаме на страната на народот и во клинч со предизвиците, рече Мицковски на денешната средба со новинарите и додаде:

-Затоа по изборите, во име на секоја рака која ја стиснав, секоја порака на надеж и судбина која ја запознав јас нема да го разочарам народот никогаш и тргнав кон создавање на ново мнозинство, кое подразбира заеднички блок, во коалиција против криминалот и корупцијата на власта, против изневерините надежи. Очекувам ова мнозинство да биде зголемено,. Велеа дека е невозможно, но покажавме дека заедно можеме да направиме многу повеќе. На иста маса со сите наши разлики, но со една цел, а тоа е напредок, заеднички и сложно да донесеме нова иднина. Време е поделбите и конфликтите да престанат, време е за промени.

 

Новото парламентарно мнозинство значи една работа, а тоа е дека владата на Заев паѓа, паѓа едно  неславно време на лош живот и измами. Во периодот што следи ќе се обидам да формирам нова Влада и тоа ќе се случи само доколку бидам сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет,  со силни институции кои ќе гарантираат сигурност. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на Владата потребна за справување со кризи, борба против корупцијата и криминаклот кои се клучниот проблем тогаш она што ни преостанува се брзи предвремени парламентарни избори за да народот одлучи, рече Мицковски.

Тој рече дека неговата порака до народот е не им верувајте на СДСМ, ниту им е за ЕУ, ниту за државата, туку за криминалните тендери кои нема да ги имаат повеќе, тоа се нивните последни обиди да ги зачуваат фотељите.

-Добро знаат дека единствено нешто за што сме против е криминалот и корупцијата. Не е време за триумфализам туку за решавање на напластените проблеми, не чека енергетска криза, инфлација и да се заштити стандардот. На бизнисот му треба поддршка а народот му треба повеќе пари. Едно е сигурно, промените започнаа и тие ќе се случат. Нема запирање  Новата иднина е заедничкиот сон во кој веруваме, време е да се слушне гласот на обесправените, на тие кои заслужуваат се а не добиваат ништо, силата е кај народот и во име на таа сила објавувам дека идат подобри времиња, рече тој на крајот на своето излагање.