Леб со банани и печени бадеми – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/21 8:00 PM

Леб со банани и печени бадеми

Пробајте необична, здрава верзија на леб со банани и мелени бадеми.

Потребни состојки : 250 гр. бадеми, 50 гр. ленено семе, 1 лажичка прашок за пециво, 4 јајца, 2 банани (300 гр), 1 лажичка цимет, 1 лажичка арома од ванила, 1 лажичка јаболков оцет, 100 грама замена за шеќер (течна стевија засладувач).

Подготовка:

1.Бадемите исечкајте ги ставете во блендер, додека не се претворат во брашно. Истото направете го и со ленот. Во поголем сад измешајте ги бадемите и ленот со останатите суви состојки.
Зрелите банани изгмечете ги со вилушка, измешајте со рачен миксер додавајќи ги останатите влажни состојки за да се згусне смесата.
Во смесата со банана додадете ги сувите состојки и убаво измешајте.
Тавата за леб премачкајте ја со путер, долниот дел од калапот обложете го со хартија за печење.
2. Печете
Префрлете ја смесата во калап и печете во загреана рерна на 170°C 50-60 минути, во зависност од вашата рерна.
Лебот е готов кога чепкалката што ја прободовте во средината ќе излезе чиста.
Извадете го лебот од калапот по 10 минути од моментот кога сте го извадиле од рерна, внимавајте да не пукне, па оставете го целосно да се излади и потоа исечете.
Лебот е сочен и мек. Неговиот рок на траење е до 4 дена, чувајте го на ладно.

Извор и фото: index.hr