Министерката за образование и наука и потпретседател на СДСМ Мила Царовска, во објава на Фејсбук наведе дека со оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство.
Царовска се заблагодарува за укажаната доверба и можност да даде придонес во градењето општество за сите и посочува дека останува целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности.
– Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности, напиша Царовска.
Објавено на: 11/5/21 6:22 PM