Потпетици до пет сантиметри ќе ви донесат повеќе оргазми, покажа истражувањето на кинески универзитет – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/21 11:00 PM

Потпетици до пет сантиметри ќе ви донесат повеќе оргазми, покажа истражувањето на кинески универзитет

Многу жени сакаат чевли со високи потпетици, но можеби не знаат дека висината на штиклата има врска со задоволството во креветот. Научниците утврдија дека потпетиците, кои големиот Кристијан Диор ги нарече „болно задоволство“ имаат врска со бројот на доживеани оргазми и леснотијата на нивното постигнување.

Истражувањето спроведено на Фудан универзитетот во Шангај во кое учествувале повеќе од 1.200 жени кои одговарале на прашања за чевлите кои ги носат и задоволството во креветот.

Оние кои носеле потпетици до одредена висина имале повеќе оргазми и полесно ги постигнувале. Причината се крие во тоа што потпетиците на идеална висина ја менуваат положбата на карлицата додека стоиме или одиме и нејзините мускули постојано се собираат и опуштаат што ја „навежбува„ и способноста на жената да доживее оргазам.

Но, постоји финта – потпетицата не би требало да биде повисока од пет сантиметри! Се преку тоа активира потполно други мускули и ќе носите секси чевли, но нема да почувствувате промена во сексуалниот живот.

Извор: Mondo.rs

Фото: