Барајте пари од Собрание, ВМРО го блокира законот за раст на платите – МОН ги повика наставниците – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/21 2:36 PM

Барајте пари од Собрание, ВМРО го блокира законот за раст на платите – МОН ги повика наставниците

Министерството за образование и наука ги повикува наставниците и Наставничкиот пленум барањето за зголемување на платите да го упатат до пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, каде со месеци е заглавен предлог законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците.

„Владата и Министерството за образование и наука работи во интерес на наставниците и обезбедување на нивна правна сигурност и подобрување на нивниот статус. Во таа насока е Законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, со кој платите на наставниците треба да се зголемуваат согласно растот на минималната плата во државата. За жал, овој закон со кој се унапредуваат наставничките права e блокиран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, истакнаа од МОН.

Министерството потсети дека во изминатите 4 години платите на наставниците кои имаат работен стаж од 10 години се зголемени за околу четири и пол пати, односно за 4.000 денари, додека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ само за 800 денари.

„Дополнително минатата година, но и оваа година, блок дотациите кон општините се зголемени за 2%. Во ова зголемување, освен средства за набавка на потребните материјали и средства за хигиена и дезинфекција се предвидени средства за исплата на прекувремените часови работа на наставниците“, додадоа оттаму.

 

О.К.