Филтер станицата во Пробиштип испорачува квалитетна планинска вода од „Злетовица“ (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/21 12:27 PM

Филтер станицата во Пробиштип испорачува квалитетна планинска вода од „Злетовица“ (видео)

Жителите на Општина Пробиштип од 2011 година со чиста плананинска вода за пиење се снабдуваат од ХС „Злетовица“. Приказната почнува од Зафат 1 од каде преку 18 – километарски цевковод водата доаѓа во Филтер станицата – Пробиштип

Од „Злетовица“ се изводјуваат по 100 литри во секунда за пробиштипјани.
Работата на станицата ја прикажува екранот на Скада системот, авотматизиран процес на раководење на станицата. Од Скада системот тргнуваме во обиколка на филтер станицата. Матноста на водата е предизвик за филтер станиците. Во случај да заматување на водата може да се интервенира од неколку места.

Во филтер станицата се води строга контрола на квалитетот на водата во биохемиската лабораторија. Редовни анализи се вршат од страна на Центарот за јавно здравје од Штип.
Контролата на целиот систем, вклучувајќи и за филтер станицата во Пробиштип, се одвива и главниот команден центар во ХС „Злетовица“ во центарот на Прибиштип.
На ист ваков начин се контролираат и сите други објекти, а во иднина и филтер станиците во Штип, Лозово и Карбинци.