МЗ: Во петокот и во саботата аплицирани 5.556 дози вакцини – ММС
ММС

Објавено на: 11/1/21 12:58 PM

МЗ: Во петокот и во саботата аплицирани 5.556 дози вакцини

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина против ковид-19. Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација изнесува 57 отсто, а со две дози се опфатени 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација е вакцинирана, а 35 отсто  примила две дози вакцина.