Претседателот на САД, Џо Бајден се извини што доцнеше на прес-конференцијата во Рим на крајот од дводневниот состанок со лидерите на Г20 пред да замине на самитот на Обединетите нации за климатските промени во Шкотска.
„Се извинувам што чекавте“, рече Бајден кој се појави после 20 минути доцнење и продолжи: „Си игравме со лифтовите. Долга приказна, во секој случај“.
Од 1 јуни до втората недела од октомври Бајден во просек доцнел по 22,4 минтуи на своите јавни настапи, според податоците на Фокс Њуз. Понекогаш ја оставал публиката да чека и по еден час.
Во август среде американското повлекување од Авганистан претседателот доцнел во просек по 34 минути на своите настани.
Извор: Mondo.rs