Пад на индустриското од 8 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/21 6:45 PM

Пад на индустриското од 8 отсто

Индустриското производство во септември годинава, во однос на истиот месец лани, бележи пад од осум отсто, соопшти  Државниот завод за статистика. Или, индексот на индустриското во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 92.0.

Гледано по сектори, индустриското во Рударство и вадење на камен бележи пораст од 30,4 проценти, а во Преработувачка индустрија пад од 15,1 отсто, додека во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистриран пораст од 11,5 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на намаленото производство на прехранбени производи за 4,7 отсто, на текстил за високи 41, на облека за близу 23 отсто, на метали за 16 отсто, на машини и компјутерски делови за 44 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2021 година во однос на септември 2020 година, бележи опаѓање кај капитални производи за 41 и на нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто. Пораст има кај енергијата за околу 16 проценти, интермедијарните производи освен енергија за 5,8 и трајните производи за широка потрошувачка за десетина проценти.
За девет месеци од годинава, јануари – септември индустриското производство бележи пораст за 2,9 проценти, односно, индексот на индустриското изнесува 102.9.