До 15 часот во вториот круг на локалните избори своето право на глас го оствариле 34,22 отсто од гласачите. Најголема излезност има во Вевчани – 66,54 отсто, Ранковце 60,15, а со над 50 отсто излезност се Демир Капија, Конче, Демир Хисар, Пехчево, Дебар, Лозово, Македонски Брод и Чашка.
Најмалата излезност се уште е во Сарај, со 16,30 отсто.
Претседателот на ДИК Даштевски информираше дека до ДИК досега стигнале вкупно 311 приговори за повреда на личното избирачко право. Од нив нив прифатени се 268, одбиени се 25, а 18 од гласачите ги имало во избирачкиот список.
Даштевски вели дека нема пријави за неправилности или технички проблеми.