Вториот круг со помалку технички проблеми, излезноста до 11 часот е 14,11 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/21 11:54 AM

Вториот круг со помалку технички проблеми, излезноста до 11 часот е 14,11 отсто

Излезноста до 11 часот е 14,11 отсто, а вкупно гласале 160.035 граѓани. Најголема излезност има во Општина Ранковце – 38,2 отсто, а најмала во Сарај – 5,19 отсто.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, информира дека прекини повеќе од еден час во гласањето имало на неколку избирачки места во Скопје и на едно во Чешиново Облешево. Причините за прекините Даштевски вели се банални, бидејќи уредите имале проблем со смарт картичките, па немале сигнал.

– Инаку во цела Македонија уредите работат нормално и немаме други неправилности откако се средија овие со картичката. Гласањето се одвива нормално и нема други технички проблеми, вели Даштевски.