Пејачката Ана Николиќ изминативе денови е во центарот на медиумското внимание поради љубовниот живот и тврдењата дека е во врска со оженет маж, кој поради неа го напуштил семејството.
Сепак, музичката ѕвезда се уште е мистериозна во тој поглед.
– За жал, не сум заљубена, а посакувам да бев. Знаете, кога сум, не кријам – рече таа низ насмевка и откри дека планира да ја промени професијата:
– Веќе за неколку години се гледам како продуцент зад камерата, тоа повеќе ми се допаѓа. Никогаш не сум била некој што трпи да бидам постојано во кадар освен кога имам причина, нова песна или нов албум – вели Ана.
Музичката ѕвезда би сакала да добие филм за себе, но како што и самата вели, се уште е рано за тоа.
– Рано е за филм за мојот живот, само треба некои работи да се случат, но живеам брзо, живеев уште побрзо, има многу материјал. Само Тарантино може да ми го изрежира животот – низ насмевка вели пејачката, која смета дека нејзиниот поранешен сопруг сепак му е инспирација:
– Јас сум неговата животна муза и инспирација.
Извор: Токсиктв.рс