(Галерија) Шопинг и забава на едно место, Скопје го доби Ист гејт мол – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/21 11:34 AM

(Галерија) Шопинг и забава на едно место, Скопје го доби Ист гејт мол

„Ти си центар“ е пораката со која од денеска Ист гејт мол му посакува добредојде на секој посетител. Вратите на новиот мол во Скопје и официјално веќе се отворени за сите посетители како од земјава, така и од блискиот регион. Модерниот архитектонски концепт спојува на едно место 220 продавници кои нудат избор од над 600 брендови, меѓу кои 40 сосема нови, досега непретставени во земјава.

Новиот мол е лоциран на пет минути од центарот на главниот град, а како инвестиција вредна 103 милиони евра овозможи нови работни места за 2500 луѓе.

„Ова е најголемиот регионален мол, кој е многу повеќе класичен шопинг мол. Од денес го маркираме како ново срце на Скопје, кое нуди оригинален микс на концепти за забава за сите генерации. Истиот вклучува угостителски сегмент со урбани и несекојдневни места за излегување, кафе дружби, досега невидено кино искуство во земјата, како и разновидни услуги на едно место. Ова е вистинско освжување во секојдневието на Скопје, а тоа ќе биде докажано во разновидни форми и кампањи во месеците кои следат“, порача во своето обраќање, пред сечењето на црвената лента, главниот извршен директор Игор Давков.

Проекциите предвидуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а на секој посетител за истражување на сите продавници во молот ќе му бидат потребни дури 18 часа. Објектот во кој е сместен Ист гејт мол се протега на вкупна површина од 160.000 м2 со 2000 паркинг места.

 

Фото: Вангел Тануровски