Ѓумбирот е богат со есенцијални масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б, а во комбинација со мед и лимон го штити организмот од вируси и инфекции.
Поради неговите аналгетски, антиинфламаторни, антибактериски својства, тој е познат како народен лек.
Освен што е зачин во исхраната, помага при слабеење, го забрзува метаболизмот, помага при главоболки и мачнини, а благодарение на минералите и витамините е идеален борец против настинки и вируси.
Состојки:
чаша врела вода
рендан ѓумбир
лажичка мед
една лажичка сок од лимон
Подготовка:
Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете го изренданиот ѓумбир.
Оставете го така натопено три минути.
Додадете една лажичка мед и сок од лимон.
Процедете го чајот и отстранете ги остатоците од ренданиот ѓумбир.
Добро промешајте.
Извор: Стил.курир.рс