Пејачката Јелена Карлеуша со денови ужива во Дубаи, од каде редовно известува за своите следбеници на социјалните мрежи.
По жешките фотографии и кадри од плажа, каде што го покажа своето заносно тело и облини, на ред дојде ЈК да покаже како може да се облекува. Овој пат изборот падна на розови чевли од последната сезона на брендот Версаче, кои таа ги комбинираше со розов фустан и чорапи.
Карлеуша доби комплименти во коментарите под објавите, а не ја пропушти можноста да и се обрати на Донатела Версаче со која веќе соработуваше во минатото, кога беше ексклузивна гостинка на нејзината ревија во Милано.
– Донатела е како моја втора мајка. Чао Донатела, дали така си го замислила ова? – стои под објавата која за еден час собра речиси 50.000 лајкови.
Извор: Курир.рс