Југослав Јовановиќ (24) од Милано признал дека учествувал во шверц на пари и накит во вкупна вредност од 26 милиони фунти. Тие пари ги украл од домовите на познатите личности во Велика Британија, но имал помошници.
Според британските медиуми, Југослав бил дел од меѓународна банда крадци кои меѓу другото упаднале во вилата на Тамара Еклстон во Кенсингтон и ја ограбиле. Тоа беше најголемата кражба на куќа досега во Британија.
Тамара, ќерката на Барни Еклстон, поранешниот сопственик на Формула 1, била на одмор во Финска со сопругот и ќерката за време на грабежот, кој се случил во декември 2019 година. Тогаш и е украден накит и пари во вредност од 25 милиони фунти.
Истиот месец беше ограбена куќата на поранешниот фудбалер Френк Лампард, од која беа одземени околу 50.000 фунти, но и домот на починатиот сопственик на Лестер Сити, Викаја Шриваданапраб, од кој беа земени околу милион фунти.
Полицијата не успеала да го врати накитот и готовината од трите споменати грабежи. Се претпоставува дека украденото е однесено во странство.
На Јованиќ по екстрадицијата од Италија требаше да му се суди во Ајзелворт, но тој вчера ја призна вината. Пред тоа, тој призна дека е виновен за кражба извршена во периодот од 29 ноември до 18 декември 2019 година и дека неуспешно се обидел да купи две јакни „Луј Витон“ од стоковната куќа „Хародс“, кои сакал да ги плати со украдена пари.
Југослав ќе биде осуден на 15 ноември, како и Италијанците Алесандро Малтезе и Алесандро Донати, кои исто така беа екстрадирани во Британија.
Четвртиот провалник, Даниел Вуковиќ, никогаш не бил фатен и наводно е во Белград, додека романските државјани Александру Стан, Сора Маркович, Марија Местер и Емил Богдан Савастру во јануари годинава беа ослободени од обвиненијата за учество во планирањето на кражбите.
Извор: Србијаданас.ком