Најдобрите градови за семејни патувања – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/21 11:14 AM

Најдобрите градови за семејни патувања

Во составувањето на листите на најдобри семејни дестинации, се води сметка во градовите да има атракции за деца, хотели и ресторани прилагодени за нив, се зема предвид која е просечната цена на храната, бројот на дождливи денови, бројот на паркови и природни атракции, како и оценката за индексот на безбедност.

Сакате да одите на одмор со семејството, но бргу се откажувате од таа идеја бидејќи се’ ви се чини премногу комплицирано и едноставно не можете да ги вклопите сите параметри – да има интересни содржини за деца, соодветни цени, пристојно сместување, но и културно-историски знаменитости кои ќе може да се видат.

За да направите листа на најдобрите градови за семеен одмор, The Family Vacation Guide стави „на вага“ различни критериуми. Во составувањето на конечната листа, тие направиле споредба меѓу градовите во однос на бројот на атракции за деца, бројот на хотели и ресторани кои се прилагодени за деца и така натаму. Доколку барате идеален град за следното семејно патување,  ви претставуваме 20 дестинации кои би требало да ги земете предвид доколку барате идеална комбинација на убаво време, безбедно опкружување, бројни атракции и работи кои може да ги правите.

Интересно е што првите три градови кои се наоѓаат на оваа листа, всушност се европски престолнини:

Рим

Лондон

Париз

Дубаи

Токио

Маракеш

Истанбул

Мадрид

Барселона

Прага

Москва

Бангкок

Хонг Конг

Њујорк

Лисабон

Денпасар (Индонезија)

Ханој (Виетнам)

Џајпур (Индија)

Чианг Маи (Тајланд)

Пукет (Тајланд)