Дарин се вика новиот член на семејството на пејачот Ѓоко Јовиќ, кој на свет дојде пред неколку дена. Ова е четврто дете на Ѓоко и неговата сопруга Ивана, кои на почетокот на бракот, планирале големо семејство, но не ни мислеле дека ќе бидат ептен големо и, како што велат, Бог ќе им подари четири дечиња.
-Толку, мислиме дека четири дечиња ни се доволни. Ако децата се богатство, ние сме најбогати, изјави за ММС брачниот пар Јовиќ.
Кога се роди Дарин, кој е трето синче, Ѓоко беше пресреќен.
-Прво Бог е среќен, а потоа јас сум најсреќниот, ни рече Ѓоко веднаш по раѓањето на Дарин, но за детали не упати кај среќната мајка.
Ивана и Дарин се веќе дома, заедно со другите три дечиња не можат да му се израдуваат на најновиот член.
-Дарин е мешан, малку од мене, малку од Ѓоко. Се роди тежок 3.340 килограми, а долго 50 сантиметри. Децата се пресреќни,а Ѓоко од радост уште не може на себе да си дојде. Поминав тешко, но за нив вреди секоја болка. За името никако не можевме да се договориме. Некој ми го предложи Дарин, но имавме желба и за името Давор, па на крај влечевме жрепка и се погоди Дарин. Да бидам искрена и ми рекоа дека јас сум се мачела, јас да одлучам, но јас сакав името да се допадне и на мене и таткото и на сите и затоа влечевме жребка, ни рече мама Ивана.
Ѓоко и Ивана ги имаат Теодора, Михаил и Јоан. Кога Ивана беше во четвртиот месец од бременоста тие за ММС раскажаа за нивната желба за големо семејство.
-Ивана сакаше, а и јас сакав да бидам искрен, така да планирано бебе е. Пандемијата ја искористивме за уште едно бебе, бидејќи нема настапи. Децата се богатство и јас и Ивана сакавме да имаме големо семејство. Искрено прво сакавме, па се предомисливме, но ете се случи. Ама убаво ни е, ма најубаво ни е. Децава се пресреќни едвај чекаат бебето да се роди, изјави тогаш Ѓоко за ММС.
Големите семејства во денешно време се реткост, но семејството Јовиќ решило да си ја исполни младешката замисла, кога Ивана и Ѓоко биле во врска.
-Јас сум богат човек, децата се најголемото богатство. Уживаме кога сите сме дома заедно и секогаш ни е весело, многу пати досега рекол Ѓоко, кој за бракот со Ивана велат дека им е совршен.
Моментот кога дознаа дека бебето ќе биде машко, тие споделија и на социјалните мрежи, бидејќи ќеркиќката Теодора им приреди изненадување. Погледнете ја возбудата од моментот:
Весна Миленковска