Пациент од Психијатриската болница во Демир Хисар нападнал вработен – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/21 3:42 PM

Пациент од Психијатриската болница во Демир Хисар нападнал вработен

Вчера во Полициската станица Демир Хисар, лекар од Итна медицинска помош Демир Хисар пријавил дека кај нив помош побарал Р.П.(53) од с.Слепче, демирхисарско, информираат од МВР.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад од пациент во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар, каде Р.П. бил вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.