МЗ: Нови 511 случаи на ковид-19, починале 10 пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/21 1:55 PM

МЗ: Нови 511 случаи на ковид-19, починале 10 пациенти

Регистрирани се 511 нови случаи на ковид-19 од направени 3.622 тестирања во претходното деноноќие, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Има 10 починати пацинети и 497  оздравени.

Министерството за здравство соопшти дека во Скопје има 247 нови случаи, потоа е Куманово – 54, Велес – 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, а во Крушево и Македонска Каменица по еден.

Оздравени се 255 пациенти во Скопје, во  Куманово – 65, Велес и Штип – 21, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струмица – 13, Битола – 12, Охрид – 10, Кавадарци и Гевгелија – по 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Струга и Кочани – по 6, Радовиш и Македонска Каменица – по 5, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2, Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1.

Четири од десетте починати се од Скопје (82г,79г,64г и 51г), две се од Куманово (81г и 49г), а по едно починато лице има од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а на активни случаи изнесува 6.191.