Вакцината на Модерна против коронавирусот дава јак имунолошки одговор – информираа од компанијата преку писмено соопштение, додавајќи дека планираат што побргу да им ги предадат собраните податоци на регулаторните тела.
Она што е специфично за вакцината на Модерна е дека добро се покажала кај децата на возраст од 6 до 11 години, кои немале последици од примената вакцина – се наведува во соопштението.
Вакцината на компанијата Модерна која се прима во две дози, генерира антитела кои го неутрализираат коронавирусот кај децата, а со самото тоа е и безбедна за нив. За потсетување, членовите на Американската агенција за храна и лекови ќе гласаат денеска за да донесат решение дали вакцината на Фајзер/Бионтек ќе се одобри за децата на возраст од 5 до 11 години.
Фото: Илустрација / DesignedbyFreepik
Извор: b92.net