Богатата наследничка Парис Хилтон наскоро ќе се омажи за претприемачот Картер Реум и по тој повод направи список подароци што треба да ги добие од своите гости, од луксузна продавница, по нејзин избор.
Хилтон од гостите бара повеќе предмети од кристал за домот, како и сребрена рамка за слики „Бучелати”, вредна повеќе од 2.600 евра. Сакала и скап свеќник во форма на светилка, што чини околу 1.000 евра, кристална мечка од 300 евра, послужавник со ореви од 800 евра, прибор за кавијар, од кристал, кој чини 850 евра, како и чаша за шампањско „Бакара” од над 800 евра. На листата на Парис натаму се наоѓаат и осум комплети „Мозаик АУ 24 платинум” на „Хермес”, со вредност од над 6.000 евра.
Вкупната вредност на подароците на списокот на Париз е над 50.000 евра.
Во последното интервју, Хилтон откри дека тој викенд десетпати ќе се пресоблече.
– Тоа ќе биде како тридневна забава. Имам многу планови, изјави таа.
Свадбата ќе се одржи на 11 ноември, на имотот на дедото на Парис во Бел Ер, Калифорнија, САД.
МИА
фото: townandcountrymag.com