Бев во врска со Драгана Катиќ, не можам да ја заборавам – Познатиот пејач откри се за врската со водителката – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/21 6:37 PM

Бев во врска со Драгана Катиќ, не можам да ја заборавам – Познатиот пејач откри се за врската со водителката

Пејачот на групата „Дивљи кестен“, која беше актуелна во 90-тите години, Игор Старовиќ отсекогаш бил миленик на жените. Во емисијата „Гранд магазин“ се присети на тоа време иако, како што вели, било одамна, а малкумина знаат дека на неговиот шарм паднала и водителката Драгана Катиќ.

– Тоа беше навистина многу одамна, едвај се сеќавам, но Драгана е прекрасна личност, голема дама, голема пријателка. Таа приказна што ни се случи беше пред повеќе од дваесет години, но не се заборава – се присети Игор, иако како што вели тоа биле тешки времиња.

Тој признава дека тогаш се работело многу и двајцата имале малку време да си посветат еден на друг.

– Секој ден нешто се правеше, ако нема свирка, тогаш има настапи, но без разлика на тоа, јас навистина ги имам најубавите спомени од неа – беше искрен тој и додаде дека околностите биле такви што не можеле да опстанат во емотивната врска.

Извор: Блиц.рс