Државниот завод за статистика објави дека во август просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 28.642 денари и е за 4 отсто повисока од истиот месец лани.
Зголемување се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 отсто) и Други услужни дејности (12,6 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак. е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (5,5 отсто), уметност, забава и рекреација (3,6 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,1 отсто).
Просечната бруто-плата во август 2021 година, пак, изнесувала 42.776 денари.
Објавено на: 10/22/21 12:47 PM