Хрватска новинарка истури фекалии пред Владата во Загреб – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/18 3:03 PM

Хрватска новинарка истури фекалии пред Владата во Загреб

Хрватската новинарка, Ива Анзуловиќ денеска истурила кофа полна со фекалии пред влезот на хрватската Влада во Загреб. Според „Вечерњи лист“, ова е втор пат новинарката да го стори тоа, а причината е несериозноста во борбата против корупцијата во Хрватска.

– Ќе ги поливам со измет сите за кои аргументирано, според новинарски текстови, се знае дека се криминалци. Од денеска ниту еден докажан криминалец нема да се чувствува безбедно било каде во јавноста, и ниту една институција нема да знае кога ќе ја гаѓам со фекалии – напиша Анзуловиќ на нејзината Фејсбук страница.

За време на протестот таа носела маица со ликот на новинарот Синиша Главашевиќ, убиен во 1991 година за време на српската опсада на Вуковар.