Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров денеска пред трговски центар во Гостивар ја лишиле од слобода е С.Р. (42) од село Чајлане – Скопје која се барала со потерница од Основен кривичен суд, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 16:30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров, пред трговски центар во Гостивар лишена од слобода е С.Р. (42) од село Чајлане – Скопје која се барала со потерница од Основен кривичен суд за издржување казна затвор во траење од 12 години, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека лицето ќе биде предадено на КПУ -Идризово.