Денеска околу 10.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, кај месноста „Еребино“, патничко возило „тојота рав“, со американски национални ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот.
Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото на настанот, информираат од МВР.
Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.