Задутре во Нова Градишка, Хрватска ќе биде откриен споменик на Тошe Проески, кое ќе се одржи во на шеталиштето „Новоградишки куриозитети“. На откривањето ќе присуствуваат нашиот абмасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски.
Идејата и одлуката да се направи камена статуа на Тоше, која е дел од љубовта и почитта кон него и целиот македонски народ, потекна од компанијата „Техникс“ и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват, кои имаат развиено долгорочна еколошка соработка со македонски компании.
Водечката мисла на г -дин Хорват беше дека споменикот на Тоше потсетува на времето кога се радувавме заедно и уживавме во песните што се вечни. Компанијата „Техникс“ е горда и благодарни на градот Нова Градишка што и овозможи да постави статуа во центарот на градот што ќе ги направи среќни и вечни сите пријатели на Македонија и минувачи, верници и многу други со песна од Тоше Проески.
Споменикот го изработи скулпторот и уметник Славко Буниќ, кој ги врежа сите свои вештини и љубов кон Тоша во траен лик и сеќавање на Тоша Проески, бидејќи како што рече:
„Љубовта, толеранцијата и тоа што ги живееме нашите животи како да ќе живееме милион години, тоа не прави луѓе“.